Roletni.com.mk - Ролетни, венецијанер, вариолајт, комарници

Плиссе

Е-пошта Печати PDF

plisse

Плиссе комарниците се релативно нов производ на нашиот пазар, тие претставуваат комарник кој се собира по принципот на армоника. Фиберглас мрежата е специјално трансформирана да завземе облик на армоника и со помош на алуминиумските профили , конците и рачките истата може да се отвара и затвара. Начинот на ракување е многу едноставен а истотака и одржувањето. Овој тип комарник е идеален за помали отвори и тераси бидејќи за разлика од комарникот врата не завзема простор кога се отвара и затвара, но исто така е и најпрактичен за огромни отвори и портали каде шиберот не е пожелен бидејќи зафаќа како дел од просторот така и дел од видното поле.

Плиссе комарниците може да се употребуваат и се препорачуваат на места каде има движење на лица со инвалидски колички и слични помагала , поради тоа што во долниот дел нема шина што штрчи.

На нашиот пазар од скоро може да се најдат и плиссе комарници со многу слаб квалитет и сомнително потекло како на мрежата така и на профилите, затоа препорачуваме добро да внимавате при изборот, бидејќи овие комарници се и најскапите комарници на пазарот. Роло-Нет работи со плиссе комарници на реномираниот производител THIRAL и досегашните наши искуства со овие производи се исклучително позитивни.

 

 
images.jpg