Roletni.com.mk - Ролетни, венецијанер, вариолајт, комарници

JA Slideshow - http://www.joomlart.com

Роло комарници

Е-пошта Печати PDF

 

07_katheti-1
Роло комарниците се моментално врвот во технологијата на изработка на комарници. Роло комарниците се изработени целосно од електростатски фарбан алуминиум како и од најфина фиберглас мрежа. Предноста на овие комарници во однос на другите е што се подвижни т.е овозможуваат мрежата да се собира и извлекува од сопствената кутија по потреба. Со ова се добива многу на флексибилност  кај прозорите и вратите бидејќи отворите практично не ни се затворени, не се зафаќа место како кај комарниците со шарки, а  овозможена е и подолготрајна заштита на мрежата посебно во зимските периоди кога немаме потреба од комарници.

Дистанцери - Роло комарниците по правило се поставуваат заедно со профили 40 х 20 наречени дистанцери. Дистанцерите овозможуваат правилно поставување на комарникот, поголем простор за пристап кон рачките за работа со комарникот. Можноста за поставување и на прозори со криво мачкани ѕидови како и  врз предходно поставени ролетни. Наша препорака е да не се поставува роло комарник без дистанцери .

frenoУспорувачи – Кај нашите роло комарници за разлика од голем дел од нашата конкуренција има можност да се вградат успорувачи чија функција е постепено кревање на мрежата на комарникот. Без нив под дејство на силата на федерот кој се наоѓа во комарникот мрежата се крева многу брзо и треба да се пази кога се ракува со неа.

Поради тоа што цената на успорувачите е околу 5 евра по парче, наша препорака е тие да се употребуваат само на места каде што се неопходни ( како на пример места со пристап на мали деца )

Квалитет – Кај нас постојат роло комарници од повеќе различни производители  со различен квалитет и потекло . Бидејќи цената е горе доле иста, скоро невозможно е да го оцените квалитетот , за разлика од повеќето компании Роло-Нет користи роло комарници од еден од најреномираните производители THIRAL со фиберглас мрежа на светскиот број еден производител PHIFER

 

kath-gatzaki-odhgoudaxtylidiapelma

elathrio

 

Што имате поставено на вашите прозорци?
 

Посетители

Има 18 гости присутни