Roletni.com.mk - Ролетни, венецијанер, вариолајт, комарници

JA Slideshow - http://www.joomlart.com

Комарници

Е-пошта Печати PDF

 

Комарниците и нивната употреба е  добро позната во нашиот регион уште од многу поодамна. Иако тие беа метални ,пластични или други типови на мрежи заковани на прозорот со неколку дрвени летвички, сепак си ја вршеа работата за која беа поставени – заштита од инсекти и разноразни животинчиња и гуштерчиња.

Со развојот на технологијата  се почеста е употреба на алуминиумски или ПВЦ прозори и врати кој се со поголема трајност, а со скоро никаква потреба за одржување. Со тоа се појави и потребата за посовремени , поквалитетни , потрајни и поестетски комарници кои ќе бидат во  чекор со новата технологија и трендови.

Овие нови комарници се користат веќе поодамна  во поразвиените западни земји и таму не се никаква новост туку стандард . Поголемиот дел од овие комарници се изработени од алуминиум и нерѓосувачки делови, а мрежата е со специјална фиберглас композитура отпорна на променливи надворешни влијанија.

Цената на овие комарници не е баш ниска за наш стандард.  Сепак ако пресметаме дека кај овие комарници нема што да скапе или рѓоса и дека дури и при механичко оштетување на мрежата ќе се смени само мрежата јасно е дека ова е добра инвестиција за на подолг рок.

Доколку сте заинтересирани за комарници наш совет е доколку сте во можност да ги набавите веднаш. Приказните од типот да почекаме да падне цената и се што е ново е скапо, сметаме дека не се издржани бидејќи цените се скоро исти во целиот регион, а се диктирани пред се од цената на алуминиумот на светските берзи кој оваа година е два до три пати поевтин.

 

Што имате поставено на вашите прозорци?
 

Посетители

Има 7 гости присутни